Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ откри каква е неговата здравствена состојба

Беба Балашевиќ, ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ, кој беше опериран во Институтот во Каменица, каде после инфарктот му биле вградени два стента, се огласила на социјалните мрежи и открила дека семејството било во посета на татко ? и дека тој се чувствува добро и дека веќе почнал да се шегува.

„Секогаш кога ќе заѕвони телефонот, се стресуваме. Семејството смее да го види и сакам да пренесам дека го видов и дека му ги пренесов вашите пораки, поздрави и желби за брзо закрепнување... Не знам, тато, што точно ти рекле докторите какво е, но судејќи според поддршката од твојата екипа, тогаш имаш големо срце...

Ви благодарам на сите на добрата енергија која ја испраќате овие денови, Тоа сигурно има врска и значи многу, не прашувајте како знам, но со сигурност знам. Благодарам на екипата од Институтот Каменица која цело време го третира како човек кој има здравствен проблем, а не како фаца од весник.

Ѓоле е добро располоѓен и веќе не засмејува нас и момците и девојките на одделението, но морам да ја пренесам пораката која ја доби од својот пријател Пере тапанарот, прв ден: „Стари,духовитоста на која си сметал изостанала, немој повеќе тоа да ни го правиш“.

Коментари

Популарно