Србинка и нејзиниот син заработиле огромна сума на пари

Српската чистачка и нејзиниот невработен син се пријавиле кога австриската полиција итно побарала преведувачи за ромски јазик. Двајцата заработиле огромна сума на пари.

Кога злосторствата кои ги направиле Србите и Ромите забележително се зголемиле во Виена, истражувачите на почетокот буквално биле без зборови. При телефонско следење не разбрале ниту збор. На испитување често доаѓало до „недоразбирање“, а потоа и ослободување од пресудите на суд. Не ратко: преведувачи биле итно барани - и првобитното решение наизглед било близу. Затоа што чистењето канцеларии делумно го извршувале помошници кои зборувале на српски и ромски јазик.

Една од нив била 53-годишната Весна Д., новодоселена и според зборовите на колегите, неписмена. И така во 2006 година чистачката во полиција станала добро платен преведувач. Годишната плата ѝ изнесувала околу 100.000 евра. Србинката до 2016 година заработила 1.163.397 евра - повеќе од просечна плата во Австрија. Весна, во 2010 година, својот невработе син 36-годишниот Драган го вовела во работата, па и тој почнал добро да заработува - за 6 години земал 740.176 евра.

Но, се случил проблем. Преведувачите имаат проблем со зборот „данок“, Двајцата никогаш не плаќале данок на доход и промет. Вкупната штета од 741.000 евра во средата им била наплатена на двајцата. 

Австриската јавност чека исход од новите процеси за уште 20 преведувачи слични на Весна и Драган кои во моментов се под истрага. И нив полицијата ги ангажирала под ист принцип - затоа што им биле колеги и веднаш достапни за хонорарна работа.

Коментари

Популарно