Подгответе се Мурињо се врати

Еден од најдобрите тренери изминатава декада, португалецот Жозе Мурињо повторно ќе работи во Премиерлигата, тој потпишал четиригодишен договорот.

Мурињо е нов тренер на Тотенхем. Клубот утрово и официјално ја објави веста преку соопштение на клупскиот сајт. Португалецот го наследува Маурисио Покетино кој синоќа беше разрешен после одлука на Бордот на директори.

„Задоволни сме што можеме да објавиме дека го назначуваме Жозе Мурињо за тренер на тимот, со договор до крајот на сезоната 2022/2023. Жозе е еден од најтрофејните тренери на светот со 25 пехари. Ги има водено Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, еден од тројцата што освоиле ЛШ со два различни клуба, има три титули во Премиерлигата“ – се пофалија од Тотенхем.

Мурињо изјави дека е среќен што ќе работи во клуб кој има добро фудбалери и во првиот и во младинскиот тим, и клуб со пасионирани навивачи.

Коментари

Популарно