Тракторист загина во атарот на охридското село Ливоишта

Тракторист го загуби животот во несреќен случај што вчера во попладневните часови се случи во атарот на охридското село Ливоишта.

Од охидската полиција е потврдена информацијата за несреќата, со најава дека детали околу околностите под кои се случил индицентот ќе изнесат во текот на денешниот ден.

Ливоишта се наоѓа десеттина километри северно од Охрид, на потегот меѓу селата Требеништа и Косел. 

Коментари

Популарно