Законот со забрана: Жените не смеат да бидат вработени на овие позиции

Дури 104 земји се уште имаат во своето законодавство најмалку еден закон што има забранува на жените да работат одредени работи.

Па така, во Виетнам на жените не им е дозволено да управуваат со трактори кои имаат повеќе од 49 коњски сили, а во Казахстан не смеат да работат во к*аница или во кожарска индустрија.

На жените во Молдавија им е дозволено да возат автобуси, но истите да немаат повеќе од 14 седишта. Азербејџан не дозволува жени на работни места кои вклучуваат чистење канализација, додека во Белорусија жените не се “дозволени” во бизнисот со пестициди.

Египет им забранува на жените да работат со ѓубрива и инсектициди. Во Нигерија не им е дозволено да работат ноќе во погони со бензин, а во Ангола ниту во текот на денот. Аргентина е земја каде жените не смеат да продаваат алкохол, а Русија има забрана возови да бидат управувани од страна на жени. Покрај ова руските жени се изложени на уште 455 останати ограничувања.

Коментари

Популарно