ВИДЕО: Смислила совршен план, но ѝ рекле да се соблече па и пропаднало се

На интернет се појави снимка на која се гледа жена која се обидувала да украде фармерки во една продавница. Најчудно е што се обидела да украде дури 9 пара, носејќи ги на себе.

Многу брзо ја фатиле и морала сите да ги соблече. Ситуацијата била снимена, а видеото за кратко време добило повеќе од 2,5 милиони преглеи. Жената е наводно од Венецуела.

Откако ги соблекла и последните фармерки, ѝ рекле да  ја покаже и долната облека за да се уверат дека тоа е последен пар на неа. Не е познато дали и како била санкционирана.

Коментари

Популарно