Создавате место погодно за бактерии, а не сте свесни за тоа

Бактериите живеат насекаде, но најмногу во тоалетот затоа што таму климата им е совршена - топло е и влажно. Затоа, некои работи не е добро да се чуваат во тоалетот или на места во кои има влага.

-Четки за шминкање - тие доаѓаат во допир со кожата, а стојат изложени на топлина и влага, на нив може да има многу бактерии, а со тоа се зголемува шансата за добивање кожни болести.

-Бричеви - од константната влага острилото може да рѓоса, а тоа никако не го сакаме на нашата кожа. После користење на бричето добро е да се измие под топла вода, добро да се исуши и да се заштити во ормар.

-Пешкири - не е веце школката највалканиот дел од купатилото, туку пешкирите. Тие поради постојаната влага инкубираат бактерии и габи, вклучувајќи ешерихија и салмонела. Менувајте ги често и после капење исушете ги добро пред следна употреба. Чистите не ги чувајте во тоалетот, освен ако се во ормар.

-Лекови - најлошо место за чување лекови е купатилото затоа што топлината може да ја намали нивната делотворност. Фармацевтите велат дека влагата и топлината може да аспиринот да го претворат во материјал кој го иритира желундикот.

-Лак за нокти - постојаната нагла промена на температурата во купатилото може да ја уништи структурата на лакот за нокти и да му го намали векот на траење.

Коментари

Популарно