Познато колку пари собрале Богдана и Вељко за свадбата

Свадбата на наследникот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ поминала токму онака како што семејството Ражанатовиќ и Родиќ замислиле, а гостите главно носеле подарок во плик. Свадбата на Богдана и Вељко и понатаму број еден тема во медиумите на Балканот.

Како што пишуваат српските медиуми, семејствата се задоволни како течела прославата/ Според сознанијата на Курир.рс, Богдана и Вељко собрале 100.000 евра од свадбата.

И музиката одлично поминала, па пејачите заработиле околу 30.000 евра. Меѓу првите за микрофон се фатил Радиша Трајковиќ Џани.

Цеца во поголем дел ги сносела трошоците затоа што семејството Ражнатовиќ имало повеќе гости, но и Родиќ допринеле. Во свадбата биле вложени 120.000 евра, но тоа било подарок од родителите за младенците.

Лукас и Џани меѓусебе се кителе со 100. 200 и 500 евра. Аца Лукас бил толку расположен што го редел својот колега со пари околу вратот, во џебовите од опанталоните, па и му давал и на виолинистот кој го следел пејачот.

На крајот домаќинката Цеца им се заблагодарила на гостите.

-Јас сакам на сите кои останаа до крај да им се заблагодарам. И на вас, момци. Сите сте мои колеги. Ми беше преубаво вечерва. Сите вие сте заслужни што вечерва бев најсреќна жена. Ве бакнувам. Се надевам дека ви беше пријатно и дека ќе се дружиме повторно - рекла Цеца.

Коментари

Популарно