Северина во гушење и солзи едвај собра сили да се огласи по одлуката на судот

Во правната битка околу старателството за синот на Северина Којиќ (47) пејачката денеска и официјално ја загуби битката во спорот со Милан Поповиќ (54) иако одлуката се уште не е правосилна.

Поранешните партнери не се појавија денеска во судот во Загреб за да ја слушнат оваа пресуда, но медиумите веќе објавија колкава ќе биде алиментација што треба да ја плаќа пејачката на нејзиниот поранешен сопруг за издржување на нивното дете.

Станува збор за сума од 1.200 куни или 160 евра. Откако адвокатот на Милан изјави дека се задоволни од одлуката на судијката Теа Голуб се огласи и Северина која низ солзи раскажува за хрватски „утрински лист“ дека е направено преседан во врска постапувањето.

-Не знам што да ви кажам. Не очекував ваква пресуда бидејќи е направен преседан во постапката, вели Северина која додека ја давала изјавата се гушела во солзи, пише споменатиот медиум.

Коментари

Популарно