СТРАШНО: Нападнати деца, едното рането со нож

Вечерва во Бутел кај Зегин физички нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13-годишниот Никола од Бутел, обелоденува Дарко Костовски.

Според неговите информации, Никола сега е во стабилна состојба, но Костовски порачува:

Јавно барам веднаш градоначанлникот Смилевски, командирот на полициската станица и сите останати надлежни да дадат се од себе и оваа група деликвенти и кукавици да се пронајде, да се истакнат нивните идентитети и веднаш да се преземат сите законски мерки. Во спротивно ќе следи голем протест со граѓанска непослушност. Овој случај мора веднаш да се реши!

Коментари

Популарно