ФОТО: Роден е со толку густа и црна коса и сите го нарекуваат Могли

Кога Сара Морис отишла на ултразвук, била изненадена затоа што нејзиното бебе имало коса долга еден сантиметар. Но, кога малиот Оскар се родил, следувал вистинско шок.

Тој имал толку бујна коса што веќе во осмата недела му требало шишање. Ултразвукот му ги покажал локните, а кога во јули оваа година излегол од утробата на мајка му, веќе имал густа, црна коса долга 5 сантиметри.

Мајката Сара од Хелзворт рекла дека поради автентичниот изглед на нејзиниот син Оскар брзо заработил надимак „Могли“ по момчето од филмот „Книга за Џунглата“ и дека минувачите секогаш застануваат да се воодушевуваат на неговата бујна коса.

-Луѓето на улица ни приоѓаат и секогаш коментираат дека Оскар има преубава, густа коса. Навистина и понатаму не можеме да веруваме колку коса имаше кога се роди. Тоа не е нешто што се гледа секој ден - вели мајката Сара која има продавница за бебиња.

Постои мит дека ако трудницата за време на бременоста има киселини, бебето ќе има долга коса, што всушност се случило со Сара.

-Надимакот Могли му го дадовме веднаш по раѓањето и мислам дека ќе го задржи. Не само поради косата, туку и поради неговиот карактер - открива гордата мајка.

Коментари

Популарно