ФОТО: Лидија Вукиќевиќ во топлес издание

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ често кокетира со сексапилот, а сега отиде еден чекор подалеку, позирајќи без облека легната во креветот во хотелска соба.

Фотографијата ја објави на социјалните мрежи, а иако свртена со грб, познатата актерка во ова издание предизвика големо внимание кај следбениците и медиумите кои го коментираат ова жешко и храбо појавување.

Очигледно, на 57-годишна возраст, Лидија изгледа прекрасно, а малкумина ќе и најдат мана.

„Добро утро“, кратко напиша Вукиќевиќ во описот на фотографијата, која ги распамети припадниците на посилниот пол кои ја следат на Инстаграм во голем број.

Инаку, таа неодамна призна дека е емотивно исполнета на љубовен план, а мислењето на нејзините синови не и е важно кога е партнерот во прашање.

Коментари

Популарно