Осомничен 27-годишен скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Почнува истражна постапка против лице поврзано со дрога во Скопје, која е пронајдена во дворот на неговата сосетка. Имено, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров.

Но, сосетката извршувајќи работи во дворот, ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Коментари

Популарно