Умерено до значително облачно со слаб локален дожд

Денеска времето во државава ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини

Коментари

Популарно