ВИДЕО: Еве како сега изгледа бегалскиот камп во Босна и Херцеговина

Шесте мигранти кои останаа во кампот беа во неверување кога ги видоа багерите кои ги отстрануваа шаторите каде тие до вчера живееја со своите пријатели.

Екипата на Црвен крст учествува во расчистување на кампот за диви мигранти, кој официјално вчера требаше да биде затворен.

Скоро 600 мигранти се качија во 14 автобуси, па заминаа на патување од 350 километри до касарната во Ушивак и Блажује кај Сараево.

Вчера во утринските часови, багер и камиони пристигнаа во Вучјак за да го отстранат сето она што останало од дивиот камп каде стотици мигранти престојуваа со месеци.

Иако притисокот од мигрантската криза врз Босна сега е значително намалена, мигрантите велат дека голем дел од нив не планираат да останат долго во кантонот Сараево.

Тие рекоа дека нивната цел е позната уште од првиот ден кога стапнале во Босна и Херцеговина, а тоа е да го продолжат своето патување кон земјите од ЕУ.

Вучјак содржи големи количини ѓубре, но и расипана храна, што предизвикува непријатен мирис. Властите наредија целата локација да биде ископана откако ќе се отстранат шаторите и отпадот.

Коментари

Популарно