Сопругата на Камчев дојде на судење со ташна од 8 илјади долари и капут...

Пред два дена  Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев се појави на судењето во улога на сведок за случајот Рекет ги „размрда“ сите со нејзиниот стил.  Таа може, треба и едноставно сака да изгледа скапо, а стилски одлично. 

Ана традиционално се облекувала  „скапо“ и секогаш екстравагантно,  така беше и во судот.

Фамозниот бел капут за кој веќе пишуваа порталите не е нешто за кое се паѓа во несвест. Тоа дека е на модната куќа „Сен Лоран“ и дека чини 3.500 евра треба да ве чуди? Сензација не е, има капути и по 20.000 евра. Камчева дури одбрала поевтина варијанта, не дека не можела поскапата.

Ама, за чантата не може да се каже такво нешто. Во судот ја носеше легендарната Биркин чанта на брендот „Ермес“. Одлична, совршена, синоним за престиж. За вакви чанти некогаш познатите чекаат и по една година за да им бидат изработени. Според она што го најдовме на интернет, ова скапоцено парче чини 7.999 долари на попуст, вистинската цена изнесува 10.000 долари. Изработена е од првокласна кожа, се заклучува со клуч и има метални детали во златна бојa

Коментари

Популарно