Ако се„ вратат“ дома ќе имаат плата од 3 илјади евра

Владат во рција започнаа пилот-проект за да госпречат „одливот на мозоци“, пренесува „Тајмс

Според податоците на грчката Централна банка, 420.000 високообразовани, млади Грци ги напуштиле своите домови во последните десет години, поради тешката финансиска криза и бараат работа во другите делови на светот.

Затоа, како дел од новата програма "Ribrend Gris, грчките власти сакаат да убедат најмалку 500 високо квалификувани Грци на возраст меѓу 28 и 40 години, кои моментно работат во странство, да се вратат дома, им нудат добри позиции и минимална месечна плата од 3.000 евра ( минатогодишната просечна плата во Грција беше околу 1.100 евра). Бидејќи Грција доживува голем дефицит во квалификуваната работна сила, особено во секторот ИТ, фокусот ќе биде на оние со дипломи во овие области.

Во првата година на вработување, две третини од платата ќе бидат покриени од државата, кофинансирани од фондовите на ЕУ, а останатата третина од работодавачот. Компаниите кои сакаат да учествуваат во програмата, ќе имаат обврска да го задржат работникот на работа, по првата субвенционирана година, најмалку уште една година со иста плата, која тие целосно ќе ја покријат.

Грчките власти очекуваат голем број локални фирми да изразат интерес за ангажирање талентирани економски иселеници во наредните недели и месеци.

„Нема шанси грчките компании кои сакаат да го прошират својот потенцијал „ да не сакаат“ да ги задржат за постојано талентираните експерти“, рече грчкиот министер за труд Јанис Вруцис .

Сепак, според грчките медиуми, новата мерка се очекува да предизвика големо незадоволство кај оние кои останале во Грција за време на финансиската криза, во моментов работат на истите позиции за месечни плати помалку од илјада евра. Некои медиуми веќе ја прогласија мерката за дискриминација.

Коментари

Популарно