Таа е најубавата жена: Убавицата од Jамајка е прогласена за новата мис на светот

Убавицата од Јамајке, Тони Ен Син (23), е прогласена за мис на светот 2019 вчеравечер во Лондон.

Круната ибеше предадена од манекенка од Мексико, Ванеса Понс де Леон, минатогодишната најубава жена на светот.

Последниот пат кога девојка од Јамајка ја освои оваа титула беше во 1993 година.

За прва придружничка беше прогласена Офели Мезино од Франција, додека третото место го освои Суман Рао од Индија.

Тони има 23 години и студира на Универзитетот во Флорида. Таа смета дека убавината на жените е споредно нешто и дека тие треба да се заложат правејќи дела кои на нивните деца ќе им донесат подобра положба и подобар живот и секако, посигурна иднина. Меѓутоа, не навела ниту еден пример за какви промени поточно мисли.

„Сосема е во ред да ги славиме убавината и силата, но оваа титула е многу повеќе од тоа“, изјавила возбудената Тони, додека се радувала заедно со своите родители.

Во ревијалниот дел, Тони ја отпеа песната „I Have Nothing“ од Витни Хјустон, покажувајќи ги своите таленти.

Круната ја доби од минатогодишната победничка на Мис на светот, Ванеса Понс од Мексико.

Коментари

Популарно