Дали штедливите сијалици не се безбедни?

Во изминативе неколку години граѓаните масовно почнаа да ги заменуваат класичните сијалици со „штедливи“, меѓутоа, штедливите сијалици воопшто не се безбедни како што се тврди, бидејќи содржат жива, силен неypoтоксин, кој негатвно влијае врз децата и трудниците- предупредуваат од Агенцијата за заштита на животната средина на САД.

Овој елемент е особено штетен за мозокот, нервниот систем, црниот дроб и бубрезите. Истовремено, го намалува имунитетот, штетно влијае на кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем.

Истражувањата кои ги спровел доктор Питер Браун во Берлин, покажале дека овие сијалици, скршени во атворен простор, ослободуваат 20 пати поголемо количество на жива од максимално дозволеното. Освен тоа, содржат и фенол, благо кисел токсин во облик на кристали кој се добива од катран, а се користи во хемиската индустрија.

Тука е и нафталенот, запаливо соединение во облик на кристал, кој исто така настанува со дестилација на катран, а се користи против молци и во хемиската индустрија.

Коментари

Популарно