Свршеницата на најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез според последните информации на дел од медиумите заработила околу два милиони евра поради реклами на социјалната мрежа Инстаграм.
Георгина, која е ултра популарна, па има 15 милиони следбеници и сето тоа најмногу и поради Роналдо, за две реклами што ги постирала на својот профил, а во кој таа е во главна улога и рекламира избелувачи на заби заработила милиони. Не толку, колку што во семејството носи Роналдо, ама очигледно е дека има придонес за раскошниот живот.
Геогина со секси рекламите практично ги збеснува мажите, а често рекламира и долен веш, па уште попровокативно изледаат нејзините споделувања.