Филмот „Медена земја“ со две номинации за Оскар

Филмот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов e номиниран во две категории на наградите „Оскар“. Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да влезе на листата во две категории – за најдобар странски филм и најдобар документарец.

Македонија за престижната статуетка се надеваше со филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кога беше номиниран во категоријата најдобар странски филм.

Конечните листи со номинациите за „Оскар“ ги објавија актерите Џон Чо и Ајса Рае.

Коментари

Популарно