Влече корени од Крушево: Бутарис се пофали со новата тетоважа

Роден во Солун со влашко потекло и корени од Крушево, екс градоначалникот на Солун се „закити“ со уште една тетоважа.

Тој се пофали со фотографија на социјалните мрежи под која напиша „Уште еден белег од мојот живот“.

Всушност, фотографијата е симболот на Солун и времето додека Бутарис управуваше со со него додека беше градоначалник или од 2010 до 2019.

Минатата година Бутарис замина во пензија. Тој на една неформална средба во Скопје на две службенички во Кабинетот на скопскиот градоначалник Шилегов им ги покажуваше тетоважите на левата рака.

Бутарис важи за нетипичен балкански политичар , а покрај тетоважите, препознатлив е и по обетката на увото и кожните белезници кои ги носи на рацете.

Прв пат беше избран за градоначалник на Солун во ноември 2010, а реизбран е во 2014 година.

Во 2013 година тој прв пат дојде во официјална посета на Македонија при што откри дека има влашки корени, од Крушево.

Тој сега има 77 години а е син на винарот Стелиос Бутарис и Фани Влахос, Влаинка од семејството Ничота од Крушево. Покрај мајка му и дедото по татко бил Влав со потекло од Крушево, а неговото семејство живее во Битола.  При посетите во нашата земја има изјавено дека никогаш не крие дека неговите родители се Власи, но жали што не го зборува јазикот на неговите предци.

Коментари

Популарно