Сулејмани планирал напади во три балкански земји?

Убиениот иранскиот генерал Касем Сулејмани наводно планирал напади во Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кенија, Бахреин и Турција.

Американските власти го прогласија за терорист лидерот на Иранската револуционерна гарда. Тој планирал напади против американски државјани.

Во Резолуцијата 466 која е поднесена во американскиот Сенат се вели дека планирал напади во Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кенија, Бахреин и Турција.

Во заклучокот на овој документ стои дека ќе се продолжи борбата против Иранската револуционерна гарда, единицата Кудс и сите организации поврзани со неа кои претставуваат закана за националната безбедност на САД.

На Блискиот Исток состојбата не се смирува. 

Ирачкиот шиитски свештеник Моктад ал-Садр ги повика граѓаните да се приклучат на „маршот на милиони“ против присуството на САД во Ирак. Тој повикува на бунт поради неодамнешното убиство на иранскиот генерал Сулејмани.

Истакнатиот тврдокорен ирански имам, ајатолах Ахмад Аламолхода, изјави дека најдоброто нешто што може да му се случи на британскиот амбасадор во Техеран е да биде протеран од земјата, инаку лојалните поддржувачи на убиениот генерал Касем Сулејмани би можеле да го исечкаат на парчиња, пренесува сајтот „Еслахат“.

Британскиот амбасадор во Иран, Роб Мекер, беше кратко задржан во притвор, а Лондон тоа го нарече кршење на дипломатските конвенции, пренесува „Ројтерс“.

Мекер е приведен пред универзитетот „Амир Кабир“ и држен неколку часа во притвор поради наводно поттикнување антивладини протести.

Коментари

Популарно