Филипа и Стефани Нарн се мајка и ќерка, иако ретко кој тоа ќе го погоди.
Кој не ја знае нивната животна приказна сосема сигурно би се обложил дека станува збор за две сестри, а причината за тоа е младоликоста на Филипа, но и фактот дека се породила на 16. години.
38-годишната Филипа практично пораснала заедно со нејзината ќерка, 22-годишната Стефани, со оглед на фактот дека ја родила како тинејџерка, а пред 6 години ова сценариот се повторило.
Имено и самата Стефани уште како 16-годишна на свет го донела синот Кајден, а пред три години и ќерката Лајла. Така Филипа станала баба на 2 внучиња, иако се уште не наполнила 40 години и изгледа како девојка.
Двете тврдат дека им е мило што така рано добиле деца, а Стефани објаснила една предност од тоа дека таа може да пие коктели на плажа, додека повеќето нејзини врсници дури сега се остваруваат во родителската улога и се навикнуваат на нови обврски.