ФОТО: Фудбалерите на Сити си направиле „Бунга бунга“ забава, во Манчестер донеле 22 девојки од Италија

Според пишувањата на Сан, фудбалерите на Манчестер Сити организирале задоцнета божиќна прослава со 22 инстаграм модели од Италија во стилот на „Бунга бунга“ забавите кои станаа познати по Силвијо Берлускони.

Поради згуснатиот распоред во Премиерлигата за празниците, Пеп Гвардиола ја забрани традиционалната божиќна прослава. Но според пишувањата на Сан, играчите со задоцнување организирале забава и по победата од 1-6 над Астон Вила малку повеќе се опуштиле.

Таблоидот вели дека играчите во Манчестер донеле 22 инстаграм модели од Италија, ги сместиле во луксузниот Мер Голф Ресорт и Спа и потоа со автобус биле пренесени на „тајната локација“ на забавата.

Сан додава дека Пеп Гвардиола дозволил фудбалерите да имаат слободна вечер и мала прослава, но не знаел дека ќе се организира „Бунга бунга“ забава, а веста сигурно нема да им се допадне и на сопругите и девојките на играчите, кои очигледно не биле присутни.

Коментари

Популарно