ВИКЕНД НА ДИЈАЛОГ: Македонско-бугарските односи да бидат процес за градење доверба и пријателство, а не за подгревање негативни емоции...

Иницијативата „Викенд на дијалог - новинари против предрасудите“, смета дека македонско-бугарските односи треба да бидат процес на градење доверба и пријателство, а не тема задневна политика, преку која ќе се подгреваат негативни емоции во двете држави.

Ова е само една од 13-те точки на Декларацијата, против предрасудите, говорот на омраза и лажните вести во меѓусебното известувањата, што ја објавија новинарите учесници на првиот „Викенд на дијалог“, кој во септември 2019 година се одржа во Охрид.

Новинарите од Бугарија и од Р.С Македонија, ги повикуваат државните власти и политичките структури во двете држави енергијата и фокусот да го насочат кон јакнење на добрососедските односи, економската соработка, инфраструктурното поврзување, а темата за македонско- бугарските односи да ја изостават од своите дневно-политички агенди, истовремено ги повикуваат владите на како и политичките елити во двете држави, да придонесат кон поголема слобода и независност на новинарите и медиумите.

Дел од точките на декларацијата се посветени и на самите медиуми, за кои новинарите учесници на „Викенд на дијалог“ сметаат дека во процесот на намалување на предрасудите е потребна поголема размена на информации и поттикнување на медиумите за ангажирање на дописници во редакциите од двете држави.

-Предрасудите меѓу двете држави, кои се резултат на поранешните социјалистички системи, се уште постојат. Нивното потиснување е можно со взаемни напори за промоција на позитивни информации за двете држави и размена на што поголем број на вести во медиумите. Во тој контекст и потребата од реемитување на телевизиски програми од една во друга држава, согласно законодавствата на двете држави. Потребна е поголема размена и проток на информации на ниво на професионални новинари за прашања кои ги засегаат македонско- бугарските односи.Ги поттикнуваме медиумите во Република Бугарија и Република Северна Македонија да почнат процес за воспоставување професионална соработка на дописничко ниво во двете држави, стои во точките од декларацијата.

Новинарите учесници на првиот „Викенд на Дијалог“ сметаат дека оваа иницијатива треба да продолжи и во 2020 година со уште еден викенд во Бугарија.

Иницијативата „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите“ беше финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Р.Бугарија, преку Амбасадата на Р.Бугарија во Скопје.

https://www.facebook.com/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B3-Weekend-of-dialogue-109604160428408/videos/?ref=page_internal

Коментари

Популарно