Две жени во Србија го фатија крстот за Водици

Низ целата Србија, како и кај нас, денеска голем број на верници се фрлаа по светиот крст.

Во Трстеник, заедно со нивниот татко, пливале тригодишниот Филип и неговата сестра Дуња (7).

До крстот во градот Ужице прва стигна Марина Лазиќ, која денеска го прославила својот 35 роденден.

Во Крагујевац, пак, крстот го фати петнаесетгодишната пливачка Марта Дуњиќ, која била најмлада учесничка.

Коментари

Популарно