ВИДЕО: Град со големина на голф топчиња паѓа во Австралија

Природните катастрофи и понатаму ја напаѓаат Австралија. Еден ден по песочното невреме на југоистокот од Австралија, паѓал град со големина на голф топче, пренесуваат локалните медиуми.

Сè започна со пожарите, а потоа на земјата паѓаа обилни дождови и почнаа поплавите.

Сега на југоистокот од таа земја започнало песочното невреме и силен град. Градот оштетил многу автомобили и ги искршил гранките од дрвјата.

Телевизијата „7 News“ прецизирала дека силниот град бил забележан во државата Нов Јужен Велс. Во последните 24 часа за помош од спасувачите се пријавиле околу 1.500 луѓе, а околу 1.000 од нив биле поврзани со оштетување на градежните објекти поради невремето.

Еден ден пред да падне градот државата беше погодена од песочно невреме со ветрови од 100 км/ч.

Телвизијата пренела дека истовремено во државите Викторија, Јужна Австралија и Тасманија продолжуваат да беснеат пожарите. 

Коментари

Популарно