Предлог за денешен ручек

Роловано и сочно

СОСТОЈКИ:

бело месо од 1 пиле

150 гр тенка сланина

100 гр мортадела

100 гр чаден колбас

100 гр листови кашкавал

малку кисели краставички

1 лажица сенф

1 лажица намаз од сирење

3 чешниња лук

сол

бибер

кари

зачин по желба

листови магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исчукајте го, посолете, побиберете, додајте сув зачин по желба. На алуминиумска фолија прво наредете листови сланина. Пркеу наредете исчукано и посолено месо, премачкајте со сенф, а преку наредете мортадела,а неа премачкајте ја со намаз од сирење, преку ставете чаден колбас, лук, па кашкавал, потоа листови кисели краставички. Додајте малку магдонос и кари.

Свиткјате заедно со фолијата и ставете во плех. Печете на 220 степени околу час и 20 минути.

Коментари

Популарно