Полициски командир од Гази Баба разрешен поради сексуално вознемирување на колешки

Командирот на полициската станица Гази Баба, Сашо Велковски е разрешен бидејќи сексуално возменирувал колешка. МВР преку соопштение информираше дека 49 годишниот командир Велковски сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите. 

Командирот на полициската станица во текот на 2019 година во повеќе наврати искористувајќи ја позицијата сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата. Уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот - соопшти МВР. Оттаму велат дека командирот сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, и затоа е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Коментари

Популарно