Американка ги убила своите три деца: Ги задушив додека им пеев

Таа признала на полицијата дека ги задушила своите деца – две девојчиња, стари 7 месеци и една година и тригодишно момче, почнувајќи од постарата ќерка.

Полицијата вчера ја уапсила Рејчел Хенри (22) заради сомневање дека во својот дом во Феникс, Аризона, таа ги убила своите три мали деца, едно по едно, а потоа нивните тела ги поставила на троседот за да изгледаат како да спијат.

Хенри ја признала вината и сега се наоѓа во затвор. Таткото на децата и една роднина се исто така приведени на испитување, пишува Ројтерс.

Полицијата прво изјавила дека причината за смртта на децата дополнително треба да се утврди, бидејќи на нивните тела немало очигледни знаци од траума. Но, Хенри подоцна признала на полицијата дека ги задушила своите деца – две девојчиња, стари 7 месеци и една година и тригодишно момче, почнувајќи од постарата ќерка.

Таа рекла дека им ја ставила раката на носот и устата се додека не престанале да дишат. Рекла дека тригодишниот син гледал како ја задушува неговата сестра, притоа викајќи да престане, удирајќи ја „без успех“.

Потоа го задавила момчето на подот од собата додека му пеела песна. Најмалата ќерка прво ја наранила, а потоа ја задушила, исто така притоа пеејќи.

Потоа, Хенри децата ги поставила „на троседот во дневната соба како да спијат“, а ниту на еден од другите две постари личности кои живееле во куќата не им рекла што се случило. Кога таткото и роднината дознале што се случило, веднаш повикале полиција.

Засега не е познат точниот мотив за ова страшно убиство, но извори велат дека Хенри „била зависна од метамфетамин и дека последните неколку дена чудно се однесувала“.

Коментари

Популарно