Еве од каде потекнува смртоносниот корона вирус кој пустоши низ Кина

Откако беше потврдено дека 17 лица починаа како последица на Корона вирусот, а пријавени се 571 заразени лица, властите на кинескиот град Вухан соопштија дека ќе ги затворат сите градски транспортни мрежи и ќе бидат одложени сите летови.

Кинеските власти се сомневаат дека уште 393 лица се заразени од опасниот вирус, но тоа се уште не е потврдено, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Прекинат е авионскиот, автобускиот, железничкиот сообраќај, а не работи ниту градското метро, траектите и сите останати транспортни линии во градот. Властите на Вухан ги повикаа граѓаните да не го напуштаат градот освен ако немаат итна потреба од тоа, а чувари патролираат на главните патишта.

„Си-ен-ен“ пишува дека изворот на новиот коронавирус може да бидат змии, кинеската кобра и кинескиот краит.

Змијата позната како кинески краит или тајвански краит е исклучително отровна змија која се наоѓа во средишниот дел и во јужна Кина и во југоисточна Азија.

Коментари

Популарно