ВИДЕО: Надал, за време на меч на Австралија Опен, несакајќи погоди во глава девојче кое ги собираа топчињата

Незгодна ситуација за Надал. Имено најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал, за време на мечот со Фредерико Делбонис на Австралија Опен, несакајќи го погоди во глава едно од девојчињата кои ги собираа топчињата покрај теренот.

Шпанецот веднаш се извини, ја бакна и по мечот и ја подари лентата за глава.

„За момент се исплашив. Тоа беше незгодна ситуација за неа. Топчето си силна брзина ја погоди во главата, но таа испадна многу храбра девојка“, напишал подоцна Надал.

Коментари

Популарно