Атиџе се најде на филмското мени на летовите на Бритиш Ервејс

Македонскиот претендент за Оскар, документарниот Филм Медена земја, продолжува да ја шири својата популарност во меѓународни рамки.

Па така, британската авиокомпанија „Бритиш Ервејс“ овој филм го ставила во пакетот што им го нуди на своите патници на долгите меѓуконтинентални летови. 

Ова на својот фејсбук профил го објави новинарката Маја Петрушевска, која долги години живее во Лондон и работи во британскиот јавен сервис BBC.

На 9 февруари годинава, ќе се одржи 92-то издание на доделувањето на највредната филмска награда Оскар, а Медена земја е номинирана во две ктегории, за најдобар документарен, како и најдобар странски филм.

Коментари

Популарно