Фото: Памела го избра него

Атрактивната актерка Памела Андерсон (52)  одлучи по петти пат стапна на лудиот камен, а претходната недела се омажи за режисерот Џон Питерс.

Секс бомбата пред неколку дена на социјалните мрежи се пофали дека станала госпоѓа Питерс, а на „Инстаграм“ ја објави првата фотографија со сопругот.

На фотографијата Памела насмеана позира до Џон.

Нивниот прв состанок се случил во 1980-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.

За потсетување, Памела со Питерс се забавуваше пред 30 години, а својата емотивна врска ја обновија на крајот од декември претходната година.

Коментари

Популарно