МЛАДАТА КОШАРКАРСКА ЅВЕЗДА КОЈА НИКОГАШ НЕМА ДА БЛЕСНЕ

Тринаесетгодишната Џиана била голем кошаркарски талент и со помош на личниот тренер – Коби се надевала на живот на професионална кошаркарка. Секако не е лесно да се биде ќерка на Коби Брајант, петкратен НБА шампион – очекувањата се големи, но на Џиана тоа и одело без проблем.

Брајант бил убеден дека таа ќе успее во тоа. Често зборел за нејзините желби да го наследи и да биде ѕвезда во женската кошарка.

За жал, кошаркарскиот свет нема да биде во можност да види дали тоа ќе се случи.

Брајант и Џиана во неделата тргнале на кошаркарски меч кога нивниот хеликоптер падна во градот Калабасас, западно од Лос Анџелес. Никој не преживеа.

Одеа на кошаркарски турнир за млади таленти во Мамба спортската академија, пренесуваат американските медиуми. Џиана играла, а Коби бил тренер на екипата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@wnba finals rematch got us hype! A lil one on one with my baby Gigi #footwork #stringmusic #mambacita

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Тие двајца често оделе заедно на кошаркарските натпревари, а многумина наведуваат дека биле многу блиски.

Брајант во едно интервју рекол дека неговата ќерка била одлучна во намерата да заигра за Универзитетот во Конектикат (кој по трагедијата на социјалните мрежи стави нивна фотографија).

Тоа го изјави во 2016 година кога замина во кошаркарска пензија.

Во пензионерските денови повеќето време го минувал со сопругата Ванеса и четирите ќерки – Џиана, Натали, Бјанка и Капри.

Каков однос имаа Брајант и Џиџи, се гледа и по објавите на социјалните мрежи.

Брајант еднаш на Инстаграм ставил видео во кое се гледа како игра еден на еден со ќерка му, додека во другото видео во кое ја советува својата ќерка за кошарката, стана вирално во минатата недела.

Само ден пред трагедијата објавени се фотографии на кои се гледа како Брајант го тренира кошаркарскиот тим на Џиана.

„Имаше табла, црташе акции и разговараше со кошаркарките“, изјави еден сведок на тоа случување за Њујорк пост.

НБА комесарот Адам Силвер вели дека на Брајант „му било посебно задоволство љубовта кон играта да и ја пренесе на Џиана“.

Брајант очигледно верувал во способностите на ќерка му. Минатата година за ЛА Тајмс изјавил дека неговото семејство со неа е во добри раце. Како што рекол таа е нешто посебно.

Гостувајќи во емисија кај Џими Кимел во 2018 година Брајант рекол дека фановите често му приоѓале и барале од него да добие син кој ќе го наследи.

„Најдобрата работа која се случи кога ќе излезевме е кога навивачите пред неа ми приоѓаа и велеа„мораш да добиеш син, ти и Ванеса мора да добиете момче некој кој ќе те наследи““.

А таа само ќе каже „јас сум таа“, рекол Брајант. „И јас и велев „да така е ти си таа““.

Инаку Брајант не само што ја поддржувал ќерка му туку и развојот на женската кошарка.

Повеќе пати се обидувал да го сврти вниманието на Женската национална кошаркарска асоцијација основана 1996 година.

„Убаво е да ги гледаш како играат“, рекол Коби за ЛА Тајм минатата година.

Моментно во WNBA се натпреваруваат 12 тима, а лигата трае од мај до септември.

Иако популарноста на WNBA расте од година во година, кошаркарките и натаму се значително послабо платени за разлика од кошаркарите.

Коментари

Популарно