ВИДЕО:"Ова звучи лудо, но Коби зборуваше за ова, постојано ова го велеше"

Иконата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант го загуби својот живот и тоа откако неговиот хеликоптер се сруши во Калифорнија.

Оваа вест ја шокираше целокупната јавност која и денеска се простува од играчот кој остави голема трага во НБА, светската кошарка, собори многу рекорди и ќе биде запаметен како еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Допрва ќе се дознаат вистинските причини за падот на леталото, но во меѓувреме Трејси МекГрејди за кого Брајант имаше кажано дека му бил најтешкиот противник за чување откри една необична анегдота за црната мамба.

-Ова звучи лудо, но Коби зборуваше за ова, постојано ова го велеше. Сакам да умрам млад, сакам да бидам бесмртен. Сакам мојата кариера да биде подобра од онаа на Мајкл Џордан, сакам да умрам млад. Јас мислев дека е луд поради тоа што го кажува. Јас сум уништен, -истакна Трејси во новата епизода на „The Jump“ (Скок).

Коментари

Популарно