ВИДЕО: Лозано на сцената порача од која држава доаѓа

Мајко“ на Влатко Лозановски најдобра поп-фолк нумера на MAC На спектакуларната музичка церемонија МАC 2020, што се одржа во Белград, Влатко Лозановски ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера, за нумерата „Мајко“.

Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

– Јас не сум од Северна, јас сум од Македонија, порача Влатко Лозановски.

Влатко им се заблагодари на сите што гласаа за него.

Пред широкиот аудиториум, Влатко се обрати на македонски јазик и кажа дека доаѓа од Македонија, а не од земјата со новото име. Исто така, рече дека зборува на македонски јазик затоа што во една прилика, српската пејачка Јелена Карлеуша рекла дека македонскиот е секси јазик за неа.

Коментари

Популарно