ФОТО: Коби вечерва доби свој дрес на „Сан Сиро“

Помешани емоции ќе има вечерва кај навивачите на Милан на „Сан Сиро“. Од една страна ќе се радуваат на новиот натпревар, а од друга ќе тагуваат за големиот навивач на овој клуб, Коби Брајан.

Ќе потсетиме, Коби пред два дена го загуби животот во падот на хеликоптерот во кој беа уште осум лица вклучувајќи и ја и неговата ќерка.

Милан во чест на Коби кај корнер знамето постави дрес со бројот 24 и презимето на големата легенда. Освен тоа на рекламите кои ќе бидат околу теренот вечерва ќе се вртат речениците „Легендите никогаш не умираат“ и „Засекогаш Коби“.

Коментари

Популарно