Фото: Маж изгоре по удар од струја

Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво , но и да спречат огнот да ја зафати и околината.

Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло моментот да го фати струја. Човекот не можело да се спаси, горела облеката и тој е целсно изгорен.

К.М.

фото: Досие.мк

Коментари

Популарно