Фото: Дамјан Стојановски си ја донесе младата невеста!

Весел настан! Дамјан и неговата свршеничка Елена своето “да“, официјално го кажале во најтесен круг на семејството…

-Дамјан и Елена официјално кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. „Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа… Да се среќни и вечни!“ – вака на својот ФБ, јавно пред сите, радосна и весела мама Евица Камберова-Стојановска означи дека нејзиниот син Дамјан ја побарал својата девојка Елена Билеска за сопруга.

Инаку, Дамјан Стојаноски во нашата јавност е познат како син на нашата музичка легенда Војо Стојановски, кој за жал почина, а тогаш Дамјан имаше одвај 18 години. Дамјан продолжи сложно да живее со мама Евица (по професија новинарка, наша новинаркаво “Вечер”) која на синот, како што впрочем беше и тато Војо, остана да му биде и прекрасен родител.

Дамјан, кој го наследи талентот, и понатаму се занимава со музиката и тоа токму онаа истата – изворна народна македонска, преку која го препознававме и Војо Стојановски.

Дамјан и неговата свршеничка Елена своето “да“, официјално го кажале во најтесен круг на семејството, а нивната љубов ќе биде наскоро крунисана и со голема свадбена веселба со многу пријатели, роднини, колеги… И сè е скоро исто како во оној голем популарен хит кој го испеа големиот (тато) Војо… “Ти донесов млада невеста, јас ја сакам од срце, деца мајко да ми изроди, родот да ми продолжи…“ На ФБ веднаш се изредија многу, многу честитки со желби за среќен, долговечен брак, а на мама Евица пријателите, колегите и роднините ѝ посакале да има многу внучиња

Коментари

Популарно