Талат Џафери: Никола Тодоров ми се јави да праша каде е Зијадин Села

Овој собраниски состав се распушти, а на 12 април ќе има нови парламентарни избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за нивната работа во изминатите години. Се сеќава на 27 април многу добро и рече дека најголем впечаток му оставило кога му се јавил Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ да го праша каде се наоѓа Зијадин Села за да му помогнат.

Рече и дека после најавите од СДСМ дека можно е ново мнозинство во Собрание кога се гласаа Законите, не било можно ново мнозинство во Собрание. Тврдеше дека тоа немало да се случи додека тој е претседател на Собранието.

Во „Клик Плус“ на ТВ21, Талат Џафери кажа дека слуша како поддржувачи на СДСМ велат дека како претседател на Собранието, повеќе му служел на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на мнозинството, што во емисијата го демантираше. 

Коментари

Популарно