Германците си тераат „мајтап“ со светските лидери

Рускиот, американскиот и турскиот претседател ќе се најдат на мета на „потсмев“ на познатиот карневал во германскиот град Мајнц следната недела.

Разголен рускиот претседател Владимир Путин кој со далечински управувач го управува   турскиот претседател Реџеп Таип Еродган во тенк,  американскиот претседател Доналд Трамп како свиру на харфа како римскиот император Нерон - тоа се  само некои од фигуртите  кои ги очекуваат учесниците на традиционалниот карневал во германскиот град Мајнц следната недела .

Меѓу шарените фигури, претставени од Асоцијацијата на карневалот  о Мајнц, се наоѓа и британскиот премиер Борис Џонсон, кој ја слави победата над Брегзит, додека  „намрштено“  го следи кралицата Елизабета Втора.

Мајнц, Келн и Дизелдорф,  се три германски градови на Рајна, кои се познати по политички провокативни паради.

За време на карневалите, луѓето обично ги исмеваат оние што се на власт. Парадите, кои ќе  поминат  низградовите, вклучуваат бродови, трубачи, танчери и учесниците на карневалот  фрлаат бонбони на публиката.

Коментари

Популарно