Се здобила со тешки повреди, веднаш била оперирана

Хедер Елизабет Паркхерст завршила во болница откако нејзините домашни миленици, кучиња од растаа пит бул, замалку ќе ја растргнеле.

Плејбој зајачицата во домот во Лос Анџелес има два пит була. Додека го галела 8-месечното куче Бејби, 8-годишниот Буда почнал да 'ржи како да е љубоморен, Кучињата почнале да се напаѓаат едно со друго, а актерката пружила рака да ги запре, па за малку ќе останела без неа.

Актерката се здобила со тешки повреди на раката, меѓу кои скршеници на коските, прекини на лигаментите и длабоки исекотини. Раката ѝ била оперирана, а ѝ биле вградени и шини.

-Ќе ѝ биде потребна најмалку една година за закрепнување, но не се откажува од своите кучиња. Голем борец е за нивните права и ги сака животните и сигурно не сака да се откаже од нив - рекол нејзиниот партнер.

Коментари

Популарно