ФОТО: Победникот на „Ѕвездите на гранд“ сподели убави вести

Победникот од публиката во 2011 година на музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ Стефан Петрушиќ сподели убави вести со фановите преку својот Инстаграм профил.

Имено пејачот по победата во 2011 година продолжи да се занимава со музика, но тој во исто време му се посвети и на студирањето право, за да може по дипломирањето тоа да му стане професија.

Откако ги оствари овие две работи тој реши да ја запроси и својата девојка, долгогодишната избраничка Марија Стругар.

-Заљубен сум во тебе од првиот ден кога те видов. Ова е најважниот ден во мојот живот, денот кога рече дека си моја цел живот, напиша Стефан во описон на својата фотографија поставена на Инстаграм.

Коментари

Популарно