ФОТО: Се соблече во бикини на плажа и сите гледаа во нејзиното совршено тело

Рафаела Модуњо се прослави преку бројните афери со познатите мажи, а важи и за еден од најбараните европски модели.

Оваа сексапилна Италијанка изгледа совршено на Инстаграм, како и на насловните страници на модните списанија, но дека тоа не е лага и продукт на фотошоп се доказ и нејзините неодамнешни папарацо фотографии на една плажа во Мајами. 

Прекрасната црнка мамела воздишки во минијатурното бикини со тропски дезен, парадирајќи наоколу и покажувајќи ги идеалните пропорции – бујните гради и затегнатиот задник.

Инаку Модуњо 13 години се занимавала со кошарка, но на крајот манекенството сепак повеќе ја привлекло. Италијанските медиуми често ја карактеризираат како најубава Италијанка, но ѝ го дале и епитетот “отров за мажи”.

Рафаела од 2017 година е во врска со пејачот Марк Ентони, а статусот на нивната врска моментално е непознат за јавноста. За последен пат биле видени заедно во септември минатата година.

Во галеријата погледнете нејзини фотографии:

Коментари

Популарно