Се сеќавате на топлите карирани јакни кои некогаш ги носеа нашите мајки и татковци?
Овие јакни се еден од симболите на 90-те кои оваа сезона се враќаат во мода на голема врата.
Прво модната куќа Chloe ласнираше модел од 1.800 евра, а потоа сите попристапни брендови во склоп на својата пролетна колекција ја претставија карираната јакна, чија цена изнесува околу 50 евра.
Одлична вест е тоа што овој модел прилега на апсолутно се што имате во ормарот - од спортски до елегантни варијанти, а покрај тоа е неодоливо мека и топла.