Видео: „Настрада“ мерцедес во овој спот

Македонскиот познат хип хоп артист, Таско заедно со босанскиот артист Инас ја промовираа “Балкан Банда”. Ова е прва соработка на Таско со артист надвор од нашите граници.

Музиката е на Таско, текстот на Таско и Инас, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо. Видео спотот е сниман во Сараево во продукција на “New Era Digital Studio”. Високобуџетен спот каде гледаме луксузни мерцедеси, часовници. Песната е издадена за босанската продукција “Империја”.

Седумнаесет годишниот Инас Арнаутовиќ од Сараево, кој на музичката сцена се појави под уметничкото име Инас е во подем на босанската музичка сцена кој поприлично привлече внимание и ги освои симпатиите на љубителите на комерцијалната музика. Го викаат наследникот на Јала Брат, Буба Корели, Раста… Тој е во роднинска врска со Буба Корели и е ексклузивец во една од најголемите продукции на балканот -“Империја”. Негови најпознати песни му се: “Да да да”, “High ко змај”, “Змиско тело”…

На Таско оваа му е уште една соработка, после претходната со Тракер за хитот “Црна Мечка”, а од “Урбан Рекордс” ни најавуваат уште многу други песни и соработки за оваа година.

Во продолжение погледнете го видео спотот, кој за само неколку часа постигна висока позиција на трендингот на YouTube во Македонија и во Босна.

Коментари

Популарно