Ученик од основно образование добил милиони во обложувалница, а тоа што го направил неговиот татко ќе ве остави без зборови

Експертите предупредуваат дека процентот на возрасните луѓе кои што се коцкаат е многу гoлем, а нималку подобра не е ситуацијата помеѓу средношколците затоа што секој трет секојдневно се обложува.

Меѓу оние кои својата среќа се обиделе да ја пробаат во обложувалница има и основци, а за тоа сведочи и примерот кој го раскажал дефектолог и основач на Советувалиштето Ентера, а чиј главен актер било момче кое добило огромна сума пари во обложувалница.

„Ми се јави таткото чиј син, инаку ученик во основно училиште, добил добивка од максимален износ кој што може да се добие на еден тикет. Стануваше збор за неколку милиони денари. Ме праша што да прави. Чувствувал дека е неморално да ги подигне парите затоа што сметал дека на тој начин на синот ќе му испрати погрешна порака. Стравуваше дека неговиот син би можел да помисли дека од коцкањето може да се живее. Му кажав да ги подигне парите и да ги даде во добротворни цели. Така и направи. Потоа ми се јави истиот тој човек и ми кажа дека повеќе не оди во обложувалница“ – раскажал дефектологот.

Коментари

Популарно