Стоја: „Немав што да јадам, компири деле во сосетката“

Стојанка Новаковиќ Стоја многу сакала да стане пејачка, но нејзиниот татко се противел на тоа, па се омажила и на 17 години го родила синот Милан. После само три години брак сопругот ѝ загинал во сообраќајна несреќа, а таа останала сама со синот.

„Немав што да јадам, делев компири со сосетката, но секогаш за родителите, кога ќе ми дојдеа на посета имав сок и кафе. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме и мојата самодоверба ме туркаше напред“, рекла Стоја.

Иако пејачката со години тврдела дека нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа, постојат и приказни дека всушност се фрлил во река.

„Ми беше тешко во тоа време со своите родители да се докажувам кои натписи се точни, а кои не се. Кога во весници излегоа наслови за мојот сопруг, не ме допираа затоа што јас се борев за своето дете“, рекла пејачката.

Коментари

Популарно